Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Откривме луѓе трајно иселени во Германија дека земаат плата од „Комунална“, секој први си добиваат џепарлак  

Арсовска: Откривме луѓе трајно иселени во Германија дека земаат плата од „Комунална“, секој први си добиваат џепарлак  

Дел од комуналците кои останале без работа откако Косана Мазнева е директорка а ЈП „Комунална хигиена“ со години се иселени од Македонија, но се уште секој месец добивале плати од ЈП „Комунална хигиена“, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во одбрана на директорката против која викендов вработените се кренаа на бунт па ѓубрето остана по улиците. Двете денес излегоа на прес – конференција на која се обидуваа да објаснат дека вината за несобраното ѓубре е кај вработените во „Комунална“, а не во лошото менаџирање со јавното претпријатие.

dobivaj vesti na viber

„Ние откривме луѓе кои се во Германија пет години, трајно иселени и возат камиони, па земале плата. Сериозни се овие работи. Вие сите на 40 степени сте дојдени да ја работите професионално вашата работа, а некој во Германија си ужива и чека џепарлак да му дојде секој први, до 10-15 во месецот, за да земе пари од тоа што е пријавен во некое јавно претпријатие. Мора да се расчисти со овие работи“, рече градоначалничката Арсовска.

Таа ги искара сите кои не го поздравиле обидот на директорката да расчисти со партиските војници вработени во јавното претпријатие.

„Наместо да излезат и да го поздрават тоа што првпат по 30 години независност некој се осмели да расчисти со партиски војници и вработувања, да расчисти со тоа да немаме нефер однос кон граѓаните. Да расчисти со тоа и оние луѓе кои чесно си заработуваат во ‘Комунална хигиена’,да не бидат омаловажувани и да не бидат третирани на начин на кој се третирани, бидејќи некој друг ја зема истата плата, а не се појавил ниту еден час во текот на овие изминати години и години наназад. Ако тргнете и ако го отворите случајот, по име и презиме ќе знаете кој точно од кога е пријавен и не се појавува на работно место“, објаснуваше градоначалничката Арсовска.

Вработените во „Комунална“ викендов се кренаа на бунт и не го собираа сметот откога директорката не ги продолжила договорите за работа на неколкумина, а истовремено не ги примала на состанок синдикалните претставници кои бараат зголемување на платите, исплата на К 15 и бенефициран стаж.

Денес Синдикатот соопшти дека вечерва ќе се вратат на работа, а вработените ќе продолжат да го искажуваат револтот на друг начин, низ легитимни процедури кои нема да бидат на штета на граѓаните.

Неколкумина градоначалници на скопски општини синоќа се организираа и сами почнаа да го собираат ѓубрето но депонијата „Дрисла“ не дозволи влез на камионите, па дел од ѓубрето, ноќеска, беше истурено близу затворената капија на депонијата.

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење