Утрински Весник
Скопје

Арсовска откри зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

20240517112422.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако куќарките повторно се поставија на плоштадот во центарот на Скопје, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска се огласи на социјалните мрежи и откри за која намена ќе се користат сега. 

– Куќарките не се на градот туку на Јавното претпријатие Паркови и зеленила, а се во функција за „Отворените денови на 23 скопски средни училишта“ кои во следните неколку дена на Плоштадот Македонија ги запознаваат полуматурантите од градот и земјата со образовните програми и профили кои ги нудат, вели Арсовска во објава на својот официјален фејсбук профил. 

– Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни? – праша таа во објавата, откако дел од медиумите објавија дека токму овие, како што ги нарекоа „новогодишни“ куќарки, се враќаат на плоштадот. 

Можете да прочитате

Ѓеорѓиевски ја посети СВР Скопје и дежурните служби

Стефковски со благодарност до дежурните служби за новогодишната ноќ

Празнично работно време на шалтерите на Водовод