Утрински Весник
Скопје

Арсовска, каде се парите? Зошто не се собира ѓубрето? – Да се испита кривичната одговорност за хаосот во Скопје, бараат советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Grad skopje.jpg

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одговорно тврди дека сите одлуки предложени од страна на Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поврзани со „Комунална хигиена“ се прифатени и изгласани од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партијата.

„Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на „Комунална хигиена“ не е изгласана од советниците? Тезата на Арсовска дека овој проблем е намерно создаден е површна, неточна и нелогична: зошто ВМРО-ДПМНЕ во сред изборна кампања би го оставило Скопје во ѓубре, ако се знае дека товарот и негативата ќе одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ?“, реагира партијата.


Арсовска треба да одговори зошто не се собира ѓубре? Што се прави со парите кои граѓаните уредно ги плаќаат, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Апелираме да се испита и кривичната одговорност на надлежните за ваквиот хаос од кој страдаат скопјани. Ова го прави некој што сака да наштети на ВМРО-ДПМНЕ во изборна кампања, а тоа е тајната коалиција која ја поддржуваше Арсовска и ја раководеше 4 години. Ќе дојде крајот на ова и ќе има одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот – Ново Лисиче со најголем индекс на загаденост

Утре стапува на сила одлуката за забрана за фрлање на комунален отпад после 22 часот

Делови од една скопска општина утре без вода