Утрински Весник
Спорт

Арсенал со пресврт ја победи Астон Вила

Арсенал со пресврт ја победи Астон Вила

Фудбалерите на Арсенал ја прекинаа лошата низа со победата на Вила Парк во Боирмингем. Арсенал два пати имаше минус од еден гол, на крајот ја победи Астон Вила со 4:2.

dobivaj vesti na viber

Арсенал, во мечот со Астон Вила, влезе по стрите натпревари во кои освои само еден бод. На крајот пресуди бомбата на Жоржињо во 93.минута, која заврши во гредата, а потоа се одби во голот од главата на голманот Емилијано Мартинез.

Вила водеше со голот на Воткинс во петтата минута, а 11 минути подоцна израмни најдбриот играч на Арсенал, Букајо Сака.

Филипе Кутињо во 31.минута со гол заврши акцијата која ја започна од својата половина. За Бразилецот ова беше прв гол сезонава во Премиер лигата.

Арсенал втор пат израмни во 61.минута, кога со удар од 19 метри Зинченко го совлада Мартинез.

На крајот по голот на Жоржињо, точка на мечот стави ;Мартинели во 98.минута.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина