Арсенал го комплетираа трансферот на холандскиот дефанзивец на Ајакс, Џуриен Тимбер за 40 милиони фунти, за тој да стане второто официјалано засилување за „топчиите“ по Каи Хаверц од Челси во исчекување на потврдата на најбогатиот англиски трансфер од 105 милиони фунти за Деклан Рајс од Вест хем.
22-годишниот Тимбер, кој долго време беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед кај поранешниот тренер Ерик Тен Хаг, потпишува петгодишен договор со Арсенал.
„Кога растев во Утрехт и ги гледав натпреварите на ТВ со мојот брат, секогаш сонував да играм за еден од најголемите тимови на светот. Кога пораснав знаев дека сакам да бидам во тим кој игра на вистински начин, во клуб со вистински вредности и со врска со навивачите. Затоа веќе се чувствувам како дома“, вели Тимбер.
The Arsenal family continues to grow ❤️ pic.twitter.com/VovE3Zt24J
— Arsenal (@Arsenal) July 14, 2023