Утрински Весник
Спорт

Арсенал го потврдија Хаверц и се договорија со Вест хем за Рајс!

Арсенал го потврдија Хаверц и се договорија со Вест хем за Рајс!

Арсенал го потврдија трансферот на напаѓачот на Челси, Каи Хаверц и во исто време постигнаа договор со Вест хем јунајтед, за трансферот на капитенот на „чеканите“ Деклан Рајс, во мега-трансфер вреден неверојатни 105 милиони фунти, тврдат повеќе англиски медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според Англичаните, по повлекувањето на Манчестер сити од трката за англискиот репрезентативец, се склучил договор кој ќе ги чини „топчиите“ фантастични 105 милиони фунти и сега се преговара за реализацијата и структурата на договорот. Вест хем инсистираат да ги добијат сите пари во рок од 18 месеци, со предвидена исплата на рати.

Рајс подолго време ги има договорено личните услови со тимот на Микел Артета, а откако Манчестер сити до денеска беа во трка за Рајс, се повлекоа откако откако нивната понуда од 90 милиони фунти беше одбиена.

Со големото трошење на Арсенал, кое го предвидува и пристигнувањето на Јуриен Тимбер од Ајакс, амбициите следната сезона ќе бидат огромни за лондонскиот клуб, кој изминатата година беше најсериозниот предизвикувач на Манчестер сити за титулата во Премиерлигата.

Можете да прочитате

Инфантино добива противкандидат за претседател на ФИФА

Инфантино се откажа од идејата по заканите со бојкот

ФИФА се пишмани и ја повлече идејата за продажба на Светското првенство