Утрински Весник
Македонија

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер”

06.jpg

Во период од  9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа  Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер”.

На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и Канцеларијата на одбранбеното аташе на САД.


Конференцијата ја отвори директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој ја истакна посветеноста на Армијата во развојот на способностите поврзани со употребата на возилата „Страјкер” и нејзината улога како кредибилен НАТО-сојузник.

Во текот на работните сесии беа разгледани националните програми за обука, можностите за унапредување на заедничката рамка за обука, предизвиците поврзани со одржувањето и одржливоста на системите, како и оперативните искуства од употребата на возилата „Страјкер”. Учесниците имаа можност и непосредно да се запознаат со капацитетите на Армијата за обука и одржување на овие борбени возила, како и со плановите за нивен понатамошен развој.

По завршувањето на конференцијата беа усвоени и потпишани заедничките заклучоци, со кои се утврдени насоките за идната соработка и заедничките активности во областа на обуката, одржувањето и развојот на способностите поврзани со „Страјкер”.

Во рамки на конференцијата, началникот на Генералштабот на Армијата,генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со бригадниот генерал Пол Селерс од Националната гарда на државата Вашингтон, на која беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на билатералната воена соработка, размена на професионални искуства и развој на способностите за употреба и одржување на возилата „Страјкер”.

Одржувањето на оваа конференција претставува значаен придонес кон зајакнувањето на интероперабилноста меѓу сојузниците, размената на експертиза и развојот на заедничките способности во рамките на НАТО.

Можете да прочитате

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство, а случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза

Дамевски: Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија

Начевски: Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија