Аргентинскиот фармер Максимилијано Спинаце во чест на „иконата“ на Аргентина, Лео Меси решил да му оддаде огромна почит на фудбалерот со тоа што на своето поле посадил пченка на таков начин што направил огромен лик на ѕвездата.
Спинаце со помош на компјутер и на својот пријател, земјоделскиот инженер Карлос Фарикели, процениле каде треба да се засади пченката на неговото поле во Лос Кондорес, во провинцијата Кордоба, за сега овој необичен подвиг наводно да може да се види и од вселената.
„Сега тие се светски шампиони и пресреќен сум што успеавме во проектот“, вели Спинаце.
Фарикели за „Ројтерс“ го објасни процесот.
„Имавме идеја да поставиме код во алгоритамот за сеење за да се појави ликот на Меси. Со алатки за гео-кодирање, машината знае колку семе е потребно за секој квадратен метар и колку треба да постави за да се добие контрастот за деловите на лицето на Меси. Така, кога пченката ќе порасне и ќе се гледа од височина, таму каде што има повеќе растенија поблиску, земјата помалку се гледа, односно се создава контраст“, вели Фарикели.
One Argentine farmer has grown a 124-acre image of Lionel Messi in corn fields that is visible from SPACE! 🌌🐐
📸 Reuters pic.twitter.com/FVxqyBpZ8g
— SPORTbible (@sportbible) January 18, 2023