Утрински Весник
Македонија

Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија, одговорност за бегството на Рамадани мора да има

Toni Arevski 18.08.2024.jpg
Dik 300x250 mk

Пајазит Пајазит не смее да продолжи понатаму да биде судија, одговорност за бегството на Рамадани мора да има.

Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски. Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега.

Пајазит Пајазити е истиот судија кој пресуди условна казна затвор за Иџет Мемети кој призна дека зел поткуп со Наќе Георгиев за да му ја олеснат казната на Боро Марлборо. Внимавајте условна казна за службено лице, заменик претседател на Советот на јавни обвинители, кој требал да спроведува ред, а не да го крши.

Истиот Пајазит Пајазити е судијата кој не одредени притвор ниту за лицата кои упаднаа во контролната кула на скопскиот аеродром.

Пајазит Пајазити мора да одговара. Одговорност мора да има. За почеток тој треба да биде разрешен, а потоа против него треба да се отвори постапка, за да објасни како во неговите предмети тешки прекршители на законите поминуваат неказнето, со условна осуда или бегаат.

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади