Утрински Весник
Спорт

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

20251013160454 big 730x400 98.webp.webp

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важни информации за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан. Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот, а според последните информации влезници има уште само за западната трибини, додека за јужната и за северната влезниците се продадени.

Соопштението на ФФМ во целост:


„Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме. Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу Арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).

Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка. Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.

Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.

Исто така, влезот на источната трибина е бесплатен за сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.“

Натпреварот меѓу Македонија и Казахстан ќе започне од 20:45 часот. Билети за другите трибини во слободна продажба веќе нема. 

Можете да прочитате

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија