Утрински Весник
Македонија

Арбен Таравари го осуди апсењето на Фуркан Салиу: Гласникот не е виновен за веста што ја дава

Arben Taravari By Bibe Jordanovska 0 C.jpg

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари преку соопштение во јавноста го осудува апсењето на новинарот Фуркан Салиу, спротивставувајќи се на акцијата спроведена под сомнителни услови.

Таравари бара итно ослободување на новинарот Салиу и целосно расчистување на случајот.

„Го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Според сите докази, неговото апсење е извршено под услови на извршување на неговата професија. Барам што поскоро ослободување на новинарот Фуркан Салиу и расветлување на случајот, се сеќавам и на изјавата на Леке Дукаѓини: Гласникот не е виновен за веста што ја дава! Не го осудувајте Гласникот туку Веста”, реагира Таравари.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД