Утрински Весник
Македонија

Арамија откако бил приведен ги вратил украдените пари

Pari 1 1.jpg

На 25.03.2024 во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека на 21.03.2024 извршил тешка кражба од возило, сопственост на лице од село Супурге, радовишко, при што одзел пари. Во службен разговор во полициска станица, И.А. го признал делото, по што доброволно ги предал парите, кои ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје