Утрински Весник
Свет

Арагчи: По немирите во Иран е вратен мирот

Iran zname.webp.webp

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, за време на денешната средба со шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, изјави дека мирот е воспоставен низ целиот Иран по неодамнешните немири „поттикнати од терористички елементи поддржани од Израел и САД“.

„Благодарение на будноста на народот и силите на редот, мирот е вратен“, рече Аракчи, осврнувајќи се на масовните протести за кои рече дека првично биле мирни, но подоцна станале насилни, објави иранската државна новинска агенција PressTV.

За време на телефонскиот разговор со шеикот Ал Нахјан, Арагчи оцени дека немирите во Иран се случиле како „резултат на поттикнување на одредени терористички елементи од страна на Израел и САД, со цел мирните јавни протести да се претворат во хаос“.

Иранскиот министер за надворешни работи ги критикуваше „провокативните изјави на американските претставници“, за кои рече дека претставуваат очигледно мешање во внатрешните работи на Иран, и нагласи дека иранскиот народ е решен да го брани националниот суверенитет и безбедност од каква било форма на странско мешање или интервенција.

Арагчи, исто така, разговараше со шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, за билатералните односи меѓу двете земји, како и за развојот на регионалната и меѓународната ситуација. Зборувајќи за настаните од претходните денови во Иран, шефот на иранската дипломатија му рече на Бароу дека мирните протести станале насилни поради странски терористички елементи.

Тој потврди дека насилството довело до убиство на неколку Иранци, оштетување на имотот и уништување на јавната инфраструктура и ја повика Франција да ги осуди интервенционистичките дејствија на странските актери.

Можете да прочитате

Иран заплени десетици „Старлинк“ антени

Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја

САД повлекуваат персонал од клучните воени бази на Блискиот Исток