Утрински Весник
Свет

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

20260220164204 big 730x400 18.webp.webp

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, е сè уште жив „колку што тој знае“.

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади.


Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека двајца команданти загинале во нападите, но оти високи функционери преживеале.

– Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред, рече тој, пренесува Тајмс оф Израел.

Можете да прочитате

Иран се закани: Ќе употребиме оружје што светот не го видел

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица

Трамп ги следи случувањата во Иран од Мар-а-Лаго, Рубио ги известил конгресните лидери за нападите