Утрински Весник
Свет

Арагчи ги обвинува САД за неуспехот на преговорите

Aragci.webp.webp

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека „прекумерните барања“ на Соединетите Американски Држави довеле до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад.

По слетувањето во Русија, Арагчи им рече на локалните новинари дека ќе разговара за актуелниот конфликт на Блискиот Исток со руските сојузници. Во изјава на персиски јазик, споделена преку неговиот Телеграм канал, тој истакна дека разговорите во Исламабад имале за цел да ги дефинираат условите под кои би можеле да продолжат преговорите.


Иранскиот министер се осврна и на моменталното затворање на Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека безбедноста на пловидбата низ оваа стратешки важна поморска рута останува глобално прашање. Тој ги повика соседните земји, вклучувајќи го и Оман, да соработуваат потесно во заеднички интерес.

Тој додаде дека постои значително ниво на договор меѓу Иран и Оман и потврди дека е постигнат договор за продолжување на разговорите за прашањето на Ормускиот теснец.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината