Утрински Весник
Свет

Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади

Aragci.webp.webp
Dik 300x250 mk

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано утринава изјави дека нема „договор“ за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но дека неговата земја нема да продолжи со нападите доколку Израел „ја запре својата агресија“.

„Во оваа фаза нема договор“ за прекин на огнот со Израел, рече тој во пораката објавена на платформата X кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу двете земји.


Но, „доколку израелскиот режим ја запре својата нелегална агресија против иранскиот народ најдоцна до 4:00 часот наутро по техеранско време, немаме намера да продолжиме со нашиот одговор потоа“, рече тој.

Иако ирански функционер претходно потврди дека Техеран се согласил на прекин на огнот, шефот на иранската дипломатија рече дека нема да има крај на непријателствата сè додека Израел не ги прекине нападите.

„Конечната одлука за прекинување на нашите воени операции ќе биде донесена подоцна“, додаде Арагчи во објавата на X.

Израел засега не излезе со коментар за договорот, но од објавата на Трамп нема пријавени израелски напади врз Иран.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил