Утрински Весник
Македонија

Апсење за убиството во “Шиша бар”: Скопјанец кој е осомничен за помагање на ликвидацијата доби кривична

Апсење за убиството во “Шиша бар”: Скопјанец кој е осомничен за помагање на ликвидацијата доби кривична

Приведен е осомничен во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“.

dobivaj vesti na viber

„Денеска во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023.
Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. ГМ. е предаден на ОЈО за натамошна постапка“, велат од СВР СКопје.

Убиството се случи на 6 март, а напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека. Кога го нашле таргетот почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.

МВР објави првични детали за двојното убиство, пришто информираа за двајца убиени (Ј.К.) и (Е.И.) и едно повредено лице (А.Т.), кое е пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Околностите под кој се случил настанот укажуваа дека станува збор за однапред направено сценарио, со точно одредени жртви.

Можете да прочитате

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk