Утрински Весник
Македонија

Апсење на „Јадранска Магистрала“: Полицијата заплени голема количина производи без документација

Screenshot 2026 04 07 094658.jpg

Скопјанец е лишен од слобода под сомнение за криумчарење производи, откако полицијата открила голема количина стока без соодветна документација.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, на 07.04.2026 година околу 01:10 часот на улицата „Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци го лишиле од слобода А.И. (22) од Скопје.


При контрола на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал осомничениот, биле пронајдени поголеми количини производи без никаква документација за потекло.

Според полицијата, постои основано сомнение дека станува збор за кривично дело „криумчарење“, казниво по член 278 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека  

Рано утрово масовна акција на МВР – претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица