Утрински Весник
Македонија

Апсења во Скопје – полицијата стави лисици на девет лица, фатени на различни локации

Апсења во Скопје – полицијата стави лисици на девет лица, фатени на различни локации

Девет апсења во Скопје поради кривични дела поврзани со дрога се спроведени од страна на МВР само во текот на вчерашниот ден.

dobivaj vesti na viber

На подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден во Центар во 22.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Вчеравечер во 19.10 часот во Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ѓ.Г.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. 

Вчера, пак, во 15.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Ќ.М.(21) и Б.М.(38) двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На подрачјето на Карпош во Скопје рано утрово во 00.45 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Истата ноќ, во 22.40 часот во Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера попладне во 16.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Во Аеродром, пак, во два одвоени случаи полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, како и А.З.(25) и А.Б.(28) двајцата од Скопје, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. 

По целосно документирање на случаите МВР ќе подготви соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување на бројот на советници

Викендов времето ќе биде многу посвежо, повремено ќе дува засилен северен ветер!