Утрински Весник
Македонија

Апсењa на аеродром: Две лица со лажни документи, едно барано од Интерпол

Whatsapp Image 2025 03 07 At 16.12.40.jpeg

На 16.12.2025  во 01:50  часот на Граничниот премин  „Meѓународен Аеродром Скопје”, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода М.Х.(26) од Италија и Ч.Л.(27) од Кина, затоа што при извршени гранични проверки констатирано е дека приложиле фалсификувани документи. Тие биле задржани во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 16.12.2025 во 15:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје”, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.А.(46) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано е дека евидира со мерка „апси” по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија