Утрински Весник
Свет

Јапонија потпишува договори со Украина, ќе и помага во реконструкцијата

Ukraina.jpeg

Јапонија потпиша повеќе од 50 билатерални договори со Украина, вклучително и договори за соработка во земјоделството и енергетиката, како дел од напорите на Токио да обезбеди дополнителна долгорочна помош за земјата разурната од војна.

Иако ситуацијата во Украина не е лесна, „промовирањето на економското закрепнување е инвестиција во иднината на Украина, Јапонија и на целиот свет“, рече јапонскиот премиер Фумио Кишида во својот говор на отворањето на конференцијата во Токио во понеделникот, пренесоа јапонските ТВ станици.

Јапонија сака да го поддржи економското закрепнување на Украина преку соработка меѓу јавниот и приватниот сектор.

Кишида најави дека двете земји ќе склучат договор за укинување на двојното оданочување, а ќе почнат и преговори за измена на договорот за инвестиции. Ова би требало да им го олесни пристапот на јапонските компании до проектите за реконструкција, пренесува новинската агенција Кјодо.

Јапонската влада, исто така, започна мерки за да им дозволи на јапонските компании да работат во Украина, вклучително и олеснување на ограничувањата за патување, рече министерката за надворешни работи Јоко Камикава.

Пацифистичкиот устав не дозволува Јапонија директно да испорачува оружје на Украина
На конференцијата која се одржа неколку дена пред втората годишнина од руската инвазија на Украина учествуваа претставници на влади и компании, а присуствуваше и украинскиот премиер Денис Шмихал.

Можете да прочитате

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп