Утрински Весник
Свет

Јапонија годинава го имаше најжешкото лето во последните 125 години

japonija, zesko vreme, visoki temperaturu

Во Јапонија ова лето беше со највисока просечна температура во последните 125 години, соопшти Националната метеоролошка агенција.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на мерењата на 15 локации во земјата од јуни до август, просечното температурно отстапување беше +1,76 Целзиусови степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Ова го надминува претходниот рекорд од +1,08 степени во 2010 година.

Податоците од ЈМА датираат од 1898 година.

Просечните температури беа значително повисоки во северните, источните и во западните делови на земјата, додаде агенцијата.

Можете да прочитате

Парламентарни избори во Словачка

Мелони: Италија повеќе не сака да прифаќа мигранти спасени од странски невладини организации

Рама по реакциите за испраќање на КФОР на северот на Косово: „Болно е политичари од лажни профили да манипулираат“