Утрински Весник
Свет

Јапонија е на пат да ја легализира марихуаната за медицински цели

Јапонија е на пат да ја легализира марихуаната за медицински цели

Јапонското Министерство за здравство препорача денеска да се ревидира законот за лекови, што ќе овозможи легализација на медицински производи од марихуана, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Ревизијата е неопходна за да се задоволат медицинските потреби и да се усогласат јапонските закони со меѓународните стандарди, се вели во извештајот на министерството.

Ревизијата ќе се однесува на производите од марихуана чија безбедност и ефикасност се потврдени со законите што ги регулираат фармацевтските производи.

Јапонија има многу строги закони кои забрануваат увоз, производство и употреба на опојни супстанции.

Во извештајот на Комитетот се вели дека само 1,4 отсто од луѓето во Јапонија некогаш користеле марихуана, во споредба со 20 до 40 отсто во западните земји.

Промената на законот би била неопходна и за употребата на лекот за епилепсија, добиен од канабис, Епидиолекс, кој моментално се тестира во Јапонија, се вели во извештајот.

Можете да прочитате

МСП му наложи на Израел да отвори копнени премини за хуманитарна помош за Појасот Газа

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите