Утрински Весник
Македонија

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, предметот вратен на повторно судење

Sud 2.jpg

Укината е пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Предметот ќе биде вратен на повторно судење пред првостепениот суд. Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет познат како „Меѓународен сојуз“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со којаделумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:

– ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член 247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и

– ја преиначи во осудителниот дел – делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од една година“, информира Апелација.

Можете да прочитате

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома

Јакимовски: Да воведеме и данок на изгубени премиери, купени дипломи, фалсификувани сертификати?

Тодоровска: Народот веќе не му верува, Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон