Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Следната недела Левица поднесува закон за патни трошоци за работниците

Image 9.png

Откако во средата партиите од власта одбија да го поддржат предлог-законот на Левица, со којшто се предвидува ограничување на патните трошоци за пратениците, од партијата најавија измени во Законот за работни односи и враќање на патните трошоци кои работодавачите ќе бидат обврзани да им ги исплатат на работниците, се вели во соопштението од партијата.

Во статус на социјалните мрежи, Претседателот на Левица – Димитар Апасиев потсети дека ова работничко право, беше укинато токму кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, на предлог на тогашниот министер за финансии Трајко Славевски, којшто е денес актуелен Претседател на Советот на град Скопје.
​​
„Ок. Чим нејќете да си ги намалите патните трошоци како пратеници, веќе следната недела Левица во собраниска процедура ќе поднесе нов предлог-закон за враќање на патните трошоци на работниците (оние кои своевремено им ги укина вмровецот Трајко Славески, кога беше министер за финансии, како наводна ‘оставштина од комунизмот’),“ – напиша Апасиев.


Левица е на став дека доколку можат да се обезбедат патни трошоци за функционерите и пратениците, тогаш можат да се обезбедат и патни трошоци за работниците.

Можете да прочитате

Ни следува стабилен, сув и сончев викенд, наутро со појава на магла

Возел со над два промила алкохол, полицијата му го одзеде возилото

Кој ќе го држи за рака моето дете кога мене ќе ме нема?