Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

Apasiev.jpg

„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.


Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс” објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.

Можете да прочитате

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

Истраги за илегална препродажба на марихуана и хашиш во валандовско

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител