
Премиерот Мицкоски вчера повторно не се појави на седница за пратеничките прашања во Собранието, избегнувајќи да одговора на опозициските прашања.

-„Оправданите причини” за да не дојде на опозициските пратенички прашања денес беа држење прес во Белата Палата, реагира пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Апасиев најави и дека партијата сериозно размислува за конкретен чекор кон ваквото неодговорно однесување, односно подготовка на законски предлог за инкриминирање на неодзивање на парламентарна покана како ново кривично дело во Кривичниот законик.
Според Апасиев премиерот континуираното ја избегнува законската обврска да присуствува на седниците за пратенички прашања што претставува грубо непочитување на институцијата Собрание и девалвација на парламентарната демократија. Како што истакнува, премиерот прво наместо да одговара – прашувал, потоа наместо да одговара – напаѓал, а последно наместо да одговара – бега. „Добар е, има време – ќе научи уставно уредување”, вели Апасиев и додава дека „ваква девалвација на институцијата Собрание се дешава само под вмроидна чизма”.