Утрински Весник
Македонија

Апасиев на воената парада на Црвениот плоштад во Москва

Photo 2025 05 09 14 19 01.jpg

Соопштение на Левица:

На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва.


Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку Народноослободителната борба, во која илјадници борци ги положија своите животи за слобода. Денес, кога се одбележуваат 80 години од Големата победа, наша должност е да се сеќаваме, да почитуваме и да продолжиме да се бориме против сите форми на неофашизам и ревизионизам, во духот на вистинскиот македонски антифашизам.

Со оваа посета, Левица ја потврдува својата антифашистичка ориентација и историска поврзаност со борбата на народите против окупацијата, теророт и транските режими.

Слава им на хероите! Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Можете да прочитате

ЕБР и полицијата спречија бегство на убиецот од Штип – уапсени петмина и извадени пред суд

Спроведени во суд петмина осомничени за убиството во Штип – убиецот е 21-годишен Турчин

Ставрески и Славевски се најсериозни кандидати за гувернер на Народна банка