Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Апасиев и Левица поднесоа тужба за дискриминација на политички кандидати

Apasiev.jpg
Img 7972

Димитар Апасиев, претседател на Левица, соопшти дека правниот тим на партијата за прв пат поднел специјална тужба – т.н. ACTIO POPULARIS – за заштита од дискриминација во јавен интерес.

Според Апасиев, тужбата се однесува на групна политичка дискриминација врз 978 потврдени кандидати на Левица за советници и градоначалници ширум Македонија. Тој нагласува дека на овие кандидати противуставно и противзаконито им е забрането платеното политичко рекламирање на телевизии, радија, интернет портали, весници и билборди.


„На потег е Основниот граѓански суд – Скопје. Во спротивно, се гледаме пред Стразбур“, напиша Апасиев на својот фејсбук профил, додавајќи дека Уставниот суд, како по обичај, е паднат од Марс и не е оттука.

Можете да прочитате

По шест месеци во болница, дома е пуштена повредена девојка од пожарот во „Пулс“

Почна судењето против екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска 

Коцевски откри дека инкриминирани лица за Пулс имало и од други институции не само од УЈП