Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Гаши е велемајстор за скандали

Dimitar Apasiev.jpg

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Во 100 дена Влада, Гаши го надмина Џафери во скандали – истакна во своето обраќање на денешната собраниска седница претседателот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.

– Вие го надминавте Талат Џафери, којшто беше мајстор за скандали. Практично, во 100 дена, направивте рафал од скандали и станавте, можеби, велемајстор за скандали – потенцираше Апасиев, говорејќи за стодневното дејствување на Гаши.

Апасиев образложи дека Левица ја темели интерпелацијата на седум основи, кои се дополнуваат и со нови скандали.

– Покрај седумте точки, вие сторивте уште три – четири скандала, но за свадбата на Косово и за пеењето ,,Шота” на 2 Август ќе оставиме да зборува, можеби, недокваканиот Мицкоски, којшто ја оцени оваа уставна интерпелација како глупава – појасни Апасиев.

Во својот говор, Апасиев потенцираше и  дека во овие 100 дена се прекршени и Уставот и законите.

– Вие покрај Уставот, прекршивте дури четири закони: Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Изборниот законик – заокружи Апасиев.

За потсетување, како што досега јавноста е повеќепати информирана од страна на Левица, интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на следниве седум точки: 

1. Повреда на секуларноста на државата; 2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје; 

3. Повреда на употребата на македонскиот јазик; 

4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии; 

5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери; 

6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и 

7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти