Утрински Весник
Македонија

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Apasiev.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи го праша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дали планира да испрати официјална делегација по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Москва. Истово прашање е поднесено во форма на  писмено пратеничко прашање до Муцунски на кое Апасиев уште чека одговор.

„Дали ќе имаме државна делегација по повод големиот јубилеј 80 години од победата над фашизмот’, чунки ние сме народ кој стекнал своја држава на АСНОМ – баш како победник во Втората светска војна…”, напиша Апасиев на фејсбук, нагласувајќи дека сè уште го чека одговорот.


Годинава, низ Европа и светот, се очекува, овој значаен датум – 9 Мај да се одбележува со низа манифестации, почести и државни церемонии, имајќи предвид дека победата над фашизмот во 1945 година претставува темел на современото антифашистичко и  демократско општество. 

Во Македонија, значењето на победата над фашизмот беше предуслов за формирање на македонската државност преку АСНОМ во 1944 година.

Дали и како Македонија ќе се вклучи во одбележувањето на овој историски јубилеј засега останува неизвесно, а јавноста со интерес го очекува официјалниот став на Министерството за надворешни работи.

Можете да прочитате

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци