Утрински Весник
Балкан

Анушиќ: Воениот рок во Хрватска ќе трае два месеца

20240816093908 Big 730x400 69.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана, Иван Анушиќ, изјави дека воениот рок, што како обврска се враќа во земјата од 1 јануари следната година, ќе трае два месеци.

-Воениот рок ќе трае два месеци, ќе започне од 1 јануари 2025 година и едноставно ќе продолжиме да правиме се што сме правеле досега во комуникацијата со јавноста. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права, не само преку лични примања, туку и преку дневници и се што им следува, изјави Анушиќ за хрватски РТЛ.

Во 2008 година Хрватска привремено ја прекина задолжителната воена служба и оттогаш таа е доброволна. Меѓутоа, по руската агресија врз Украина и се потешката воено-политичка ситуација, Хрватска почна да размислува за враќање на задолжителниот воен рок.

Во врска со ребалансот на државниот буџет, Анушиќ за РТЛ објасни дека хрватските вооружени сили се опремуваат и модернизираат, се организираат според очекувањата и договореното со сојузниците од НАТО.

-Мислам дека ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика за вооружените сили од досега. Разговаравме со министерот за финансии и дојдовме до заклучок дека нема простор за штедење во модернизацијата и опремувањето на вооружените сили. Ова е ставот на Владата и на политиката, бидејќи околностите во кои се наоѓаме, не дозволуваат штедење, заклучи Анушиќ, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.

Можете да прочитате

Во Грција уапсени 12 лица поради продажба на дрога во училиште, меѓу нив и шест малолетници

Едно лице загина во несреќа на жичница на Дурмитор

Вучиќ по состанок за НИС: Верувам дека сме чекор поблиску до решение