Утрински Весник
Свет

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

20260120172549 big 730x400 78.webp.webp

Украински суд го осуди во отсуство поранешниот претседател Виктор Јанукович на 15 години затвор по обвинение за злоупотреба на државно земјиште, соопшти Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП).

Јанукович е прогласен за виновен за проневера на шумска парцела на територијата на Киевската област со површина од 17,5 хектари и проценета вредност од над 22 милиони гривни (повеќе од 500.000 долари). Во периодот од 2009 до 2011 година, на парцелата бил изграден хотелски комплекс со ресторан, кој Јанукович го користел за лични цели. Тој кривичното дело го сторил во 2007 година, кога ја извршуваше премиерската функција.

Пресудата стапува во сила во рок од 30 дена по нејзиното објавување, доколку не се поднесе жалба.

Можете да прочитате

Во Португалија приведени 37 неонацисти

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот