Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Антонов: Вклучувањето на САД во војната би имало катастрофални последици

Антонов: Вклучувањето на САД во војната би имало катастрофални последици
300x250 opst2

Високи американски воени претставници ја испратија 101-та воздушно-десантна дивизија во Романија, на границата со Украина, од каде што може, во случај на напад врз НАТО, да се вклучат во конфликт со Русија, но рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов вели дека таквото потег би предизвикал катастрофални последици.

dobivaj vesti na viber

Иако американските политичари, на чело со претседателот Џозеф Бајден, ја отфрлија можноста американската војска да се вклучи во конфликтот, Антонов за „Њузвик“ посочи дека Москва го свртела вниманието на американските политичари дека „бравурозните изјави на американските воени команданти се неприфатливи“.

„Нема да толерираме ситуација во која растат воените закани на руските граници. Директното учество на американската армија во борбите би довело до катастрофални последици. Убеден сум дека натамошната ескалација на ситуацијата не е во интерес на Вашингтон“, рече рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј