Утрински Весник
Македонија

АНТИЦИКЛОН “ЗЕВС”: Во Македонија ќе донесе суво време, многу ниски утрински, и повисоки дневни температури!

850t anom.eu 660x330 1.png

Метео анализа на Славчо Поповски:

Моќниот антициклон “Зевс” во Македонија во новата седмица пред нас ќе донесе суво време, а исто така ќе има и се повеќе сонце. Повремено, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Поради ведрите ноќи и утра температурите наутро ќе бидат се пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, понекаде тие ќе се спуштат и под -10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен утрински мраз.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени, а кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

Во Скопопје и околината ќе имаме слично време. Стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -5 и -1 степен, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 8 степени.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата