Утрински Весник
Македонија

Јанкулоска: Судските предмети се воделе по политички диктат, не по закон

Jankuloska.jpg

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, реагираше остро по повторното актуелизирање на одредени судски предмети, оценувајќи дека голем дел од нив се веќе застарени и дека никогаш не требало да бидат процесуирани доколку се почитувал законот, а не, како што вели, „политичките диктати“.

Според Јанкулоска, институциите сериозно потфрлиле во својата основна улога, водејќи се од дневнополитички потреби наместо од начелата на правото и правдата, што, според неа, резултирало со селективна правда и политички мотивирани процеси.

Таа потсетува дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) било формирано со јасна и прецизна цел – да утврди „кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години“. Наместо тоа, тврди Јанкулоска, СЈО целосно отстапило од таа мисија и се фокусирало на случаи кои немале директна врска со причините за неговото формирање.

Во своето обраќање, Јанкулоска обвинува дека правосудниот систем бил злоупотребен за политички инженеринг, при што судските процеси служеле за водење кадровска политика во рамки на политичките партии, за градење и одржување партиски рејтинзи пред избори, како и за креирање владини коалиции преку закани и притисоци, со игнорирање на волјата на гласачите.

Осврнувајќи се на критиките поврзани со измените на Кривичниот законик од 2023 година, Јанкулоска истакнува дека вината погрешно се лоцира во самите законски решенија.

„Проблемот не е ниту во овој, ниту во кој било друг закон“, порачува таа.

Наместо тоа, таа ја обвинува дел од правничката фела за водење „политичка математика“ наместо заштита на правото, за незаконско земање парични надоместоци и бонуси, како и за градење „метеорски кариери“ врз основа на сервилност кон власта, а не на стручност и интегритет.

Според Јанкулоска, ваквото однесување оставило длабоки и долгорочни последици, пред сè врз довербата на граѓаните во правниот систем и во институциите на државата.

Можете да прочитате

Алијанса на Таравари против „Безбеден град“

СДСМ: Дефокус, линч и црна кампања, хронологија на политиката на ВМРО

Донаторска вечер на Фондација „Фросина Кулакова“