Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Анкета меѓу Русите: Кина најголем пријател, а САД најголем непријател

Анкета меѓу Русите: Кина најголем пријател, а САД најголем непријател
Img 7972

Повеќе од 50 отсто од анкетираните жители на Русија сметаат дека Кина е најголемиот пријател на Русите. Ова го покажува анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „VCIOM“.

dobivaj vesti na viber

Таа покажува дека 55 отсто од испитаниците ја означуваат Кина како нивен најголем пријател, а потоа следат Белорусија и Индија. На листата најдобри пријатели на Руската Федерација се и Турција, Србија, Казахстан и Иран.

Во исто време, две третини од анкетираните веруваат дека САД се најголемиот непријател на Русија.

На листата на најголеми непријатели на Русија се и Украина, Велика Британија, Германија, Полска, Франција и балтичките земји.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа