Утрински Весник
Магазин

Анистон вежба во 3 часот наутро за да ја одржува витата фигура

Анистон вежба во 3 часот наутро за да ја одржува витата фигура
300x250 (7)

Џенифер Анистон се смета за една од најубавите жени во Холивуд и покрај тоа што наполни 53 години.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Пријатели“ се појавува и во филмовите „Објектот на мојата наклонетост“, „Рок-ѕвезда“, „Семоќниот Брус“, „Марли и јас“ и други. Иако е позната по својата глума, таа е добро позната и по добрата исхрана и здравиот начин на живеење.

300x250 (7)

Џенифер го почнува денот со строга утринска рутина пред да вежба, пренесуваат шоу-биз медиуми, додавајќи дека таа постојано ја усовршува својата рутина за здравје и благосостојба.

Џенифер се фокусира на убавината, исхраната, вежбањето и на менталното здравје, а сето тоа почнува со нејзината утринска рутина во 3 часот наутро, според Women’s Health. Кога се буди наутро, таа го почнува својот ден без мобилен телефон.

„Не гледам во мојот телефон барем првиот час по будењето. Менталната разлика што ја прави негледањето во телефон влијае на целиот ден“, изјави Анистон за „Вог“ во една пригода.

Веднаш штом ќе стане, пие кафе и почнува со медитација, пишува дневник и вежба пред да се впушти во дневните активности.

Според Prevention, Анистон исто така ја прави својата рутина за нега на кожата, која вклучува хидратантен крем и заштитен фактор за да ја одржува кожата младешка и здрава.

Таа во неколку пригоди нагласи дека рутината за вежбање ѝ станала важна основа во животот.

Некои таблоиди тврдат дека Џенифер вежба до седум дена во неделата, што изгледа претерано. Дури и на ѕвездите им требаат денови за одмор. Сесиите траат до еден и пол час и варираат во интензитет.

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината