Утрински Весник
Свет

Јанис Варуфакис ја тужи Германија поради забрана за влез во земјата

Varufakis.jpg

Паневропската партија „ДиЕМ25“ на грчкиот политичар Јанис Варуфакис денеска соопшти дека тој поднел тужба против Германија бидејќи му бил забранет влез во таа земја на 12 април, кога требало да присуствува на Палестинскиот конгрес.

Во соопштението се наведува дека по барањето на Варуфакис за објаснување за забраната за влез во Германија, земјата одбила да одговори, повикувјќи се „националната безбедност“.

„Со оглед на ова јасно кршење на германските и европските закони… Варуфакис ги води германските власти на суд поради кршење на неговите основни права и клевета, наведувајќи ја својата намера да поднесе жалба, доколку е потребно, до европските судови“, се вели во соопштението.

Се додава дека на судот во Германија му биле предадени документи кои потсетуваат дека Варуфакис требало да зборува на јавен настан организиран заеднички од неговата партија и еврејската невладина организација Еврејски глас за мир, правејќи ги „бесмислени обвиненијата за антисемитизам“ во случај на полициска забрана за тој настан.

Во соопштението се истакнува дека германската држава, повикувајќи се на национална безбедност, „го оправда својот пристап кон тоталитаризмот“ и „го распушти владеењето на правото и најважниот принцип на ЕУ – слободата на движење и политичкиот ангажман на граѓаните. “

Можете да прочитате

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ