Утрински Весник
Спорт

Англичаните го освоија Неапол

Англичаните го освоија Неапол

Фудбалската репрезентација на Англија го доби дербито против Италија во Неапол со 1:2 и по првото коло е на врвот во нашата група. Деклан Рајс го отвори резултатот во 13.минута, а Хари Кејн од пенал зголеми на 0:2 во 44.минута.

dobivaj vesti na viber



Регрегуи даде гол за надеж за „аѕурите“, но, сепак, победата им припадна на Англичаните.

Босна и Херцеговина беше успешна против Исланд и славеше со 3:0, со двата гола на Раде Круниќ и погодокот на Дедиќ.

Данска со 3:1 ја совлада Финска, а Португалија немаше проблеми против Лихтенштајн и победи со 4:0, со два гола на Кристијано Роналдо кој го одигра рекордниот 197. настап во репрезентацијата.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0