Утрински Весник
Спорт

Ангеловски: Бод голем како куќа

Rakomet Ls Eurofarm Pelister Sporting 27 1.jpg

Тренерот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, по првит бод во Лигата на шампионите беше задоволен на крајот на средбата.

Битолчани имаа огромен пад во играта во напад и беа на прагот на пораз, но со три гола во последните 80-тина секунди од мечот со Спортинг Лисабон и ја прекинаа црната серија од 17 порази по ред во ЛШ.

„Освоивме бод голем како куќа. Конечно тргнавме едно бреме, го тргнавме притисокот кој се рефлектираше на нашата игра и резултати. Морам да им се заблагодарам на моите борци кои веруваа до крај во позитивен резултат. Игравме против силен тим, Спортинг во последните 20 меча има 18 победи, еден пораз од Барса, и сега реми со нас“, изјави Ангеловски.

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП