Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Пожарот над селото Косел пак се распламтува, гори и кај Богданци

Pozar Stojance Angelov.jpg

Активни се осум шумски пожари, од вкупно 13 кои се гаснеле во текот на денот, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Пет пожари се изгаснати, а како најтежок пожар Ангелов го посочи пожарот во Македонски Брод, во атарот на селото Брезница, кој му се заканува на селото, но вели убеден е дека селото ќе биде одбрането.

-Овде во текот на целиот ден дејствуваат неколку хеликоптери, ефектите од нив се мали, но тука се наоѓа 40-член унгарски тим пожарникари кои даваат голем придонес со поддршка од 50 македонски професионални војници, рече Ангелов.

Вториот тежок пожар, додаде, е на територијата на Општина Демир Хисар, на Илинска Планина, каде што ситуацијата е тешка, а во гаснењето активно учествува локалното население, локалните пожарникари, претставници од Национални шуми, но самата вегететација, вели, создава чад и го отежнува функционирањето на воздухопловите.

Ангелов истакна дека пожарот во Охрид, над селото Косел, повторно се распламнува. Додаде дека гори и во Богданци, кај месноста Погана и таму се дејствувало со хеликоптери, но како што рече, поради ветрот морале да се вратат. Пожар има и во Гевгелија, а огнот се приближува до воен објект, рече Ангелов, но вели, објектот го штити војската.

Можете да прочитате

Скопје денеска на петто место по загаденост во светот

СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски

ЗНМ и ССНМ: Каква било резолуција не смее да влијае на новинарската слобода на изразување