Утрински Весник
Македонија

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ се вброи меѓу дваесет најдобри европски продуценти во подем за 2024 година

Do Nload.jpeg

Оваа ексклузивна група ќе учествува во прилагодена програма за поттикнување меѓународни копродукции, интензивирање на размената на искуства и помош за создавање нови професионални мрежи, која ќе се одржи пред и за време на Канскиот филмски фестивал (14-25 мај).

Продуцентката Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е селектирана меѓу 20-те најдобри европски продуценти во развој за 2024 година. Изборот на продуцентите во развој (PRODUCERS ON THE MOVE) што се одржува пред и за време на Канскиот фестивал (14-25 мај 2024) денеска го објави пан-европската мрежа European Film Promotion (EFP) и нејзините членки.

Двесете од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на EFP, која не само што ја слави својата 25-годишнина, туку и ќе го сврти вниманието кон бројните соработки што се развија помеѓу близу 500 учесници од 37 европски земји, во текот на овој четвртина век.

Како што стои забележано во oбјавата за изборот на Ангела Несторовска, таа е дел од „Сектор Филм“ од  2005 година, и има продуцирано филмови, како што се краткометражниот игран филм Почва на Алекс Цветков, долгометражниот игран филм „Насоки на Стефан Командарев, селектиран во канската програма Извесен поглед (Un Certain Regard) во 2017 година, и копродуцентка е на проектот, „Via Carpatia долгометражен игран филм на режисерите Клара Кочанска и Каспер Бајон, кои се натпреваруваа во Карлови Вари. Неодамна во 2022 година,  беше во копродукција на дебитантскиот долгометражен игран филм на Асимина Проедроу, Behind the Haystacks  а моментално е во постпродукција на долгометражниот игран филм „Момчето со светло сини очи на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Несторовска работи на предпродукција на филмот„Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ и го развива Мечка за другарот Ким на Ангел Апостолски, и двата дебитантски долгометражни играни филмови.

Ангела Несторовска

Инаку програмата на PRODUCERS ON THE MOVE, е дизајнирана како платформа за поттикнување на европските филмски копродукции и за развој и афирмација на европските продуценти. Учесниците добиваат можност да го претстават својот проект, да земат учество во предавања, работилници, индивидуални состаноци со филмски експерти како и можност за промоција во печатените и електронските публикации на меѓународната филмска индустрија.

Програмата е наменета за 20 продуценти од 20 европски земји, кои задолжително мора да имаат учествувано барем во една меѓународна копродукција. Учесниците се номинираат од страна на земјата-членка. Нашата земја е членка на мрежата ЕФП од 2009 година.

Останатите избрани продуценти за оваа година се : Катарина Пош (Австрија), Елиса Хене (Белгија / Фландрија), Калин Калинов (Бугарија), Тибор Кесер (Хрватска), Тониа Мишиали (Кипар), Кристина Михалек Кветова (Чешка), Лина Флинт (Данска), Делфин Шмит (Франција), Фабијан Дрихорст (Германија), Марија Контоџани (Грција), Сара Насим (Исланд), Еван Хоран (Ирска), Гидре Жиките (Литванија), Катаржина Озга (Луксембург), Анита Рехофвеј Ларсен (Н. ), Изабел Мачадо (Португалија), Драгана Јововиќ (Србија), Ванда Адамик Хрицова (Словачка), Ева Акергрен (Шведска).

Оваа ексклузивна група ќе учествува во прилагодена програма за поттикнување меѓународни копродукции, интензивирање на размената на искуства и помош за создавање нови професионални мрежи. Претфестивалската онлајн-програма, која започнува денес и трае до 3 мај, вклучува состаноци за брзина 1:1, тркалезни маси и сесии за пичинг. Продуцентите потоа ќе се сретнат лично за време на фестивалот во Кан од 16 до 20 мај и ќе учествуваат во петдневна програма.

А.Василевска

ИЗВОР:„https://novatv.mk/

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот