Утрински Весник
Македонија

Ангажирани 320 набљудувачи – ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за претстојните двојни избори

20240321115851 Big 730x400 30.webp.webp
300x250 (7)

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Северна Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава.

Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Старк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22-ри избори во Северна Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година.

300x250 (7)

-ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори. Ние сме целосно непристрасни и се засноваме на факти. Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство. Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, рече амбасадорката Старк.

Покрај главниот тим, ќе има група на долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје.

-Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите. Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите. Тие ќе дојдат непосредно пред изборите, 24 април и 8 мај, додаде амбасадорката Старк.

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети од Струга: На 8 мај да ја запечатиме победата на Европскиот фронт

Мицкоски: Очекуваме поддршка за Силјановска Давкова од ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во вториот круг

Николовски: Ќе продолжиме со вложување во домашното земјоделство за да им обезбедиме европска иднина на младите