Утрински Весник
Скопје

Јаневски: Руралниот дел од Ѓорче Петров ќе биде простор за еко-туризам и мали винарии

Janevskisastav.png

Во интервју за 24инфо.мк независниот кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, поддржан од коалицијата ЛДП/ГРОМ, Љупчо Јаневски – Састав го најави својот концепт за развој на општината.

„Мојата визија е Ѓорче Петров да биде развиено со мали бизниси, а руралниот дел како Стопански двор, Кучково, Грачани, Орман да биде полн со еко туристички капацитети, мали винарии и селски домаќинства“ вели Јаневски.


Според него во тој предел на општината постојат сите предуслови да се изградат мали семејни винарии, туристички комплекси, но и цели селски домаќинства со сместувачки капацитети што ќе значи збогатување на туристичката понуда не само на Ѓорче Петров, туку и на Скопје.

„Тоа според мене е рецептот по кој Ѓорче може и треба да се развива, рецептот што ќе ги задржи младите тука, но истовремено ќе привлече и млади претприемачи од други општини, градови, па зошто да не и други држави“ посочи Јаневски.

Можете да прочитате

Усвоен ребалансот на Буџетот на Град Скопје, ќе се гради нов кружен тек и две катни гаражи на Клинички

Ѓорѓиевски кон Левица: Вие сте најголемото бандитско здружување во Скопје

Меџити: Помошното игралиште на ФК Шкупи – значајна инвестиција за развојот на спортот во Чаир