Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба

20250922135340 big 730x400 63 1.webp.webp

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците како ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба. И овојпат таа нагласи дека се испорачани онолку учебници колку што пријавиле самите училишта.


-Учебници има, сè што побарале училиштата, сè е испорачано. На Министерството му е сосема сеедно дали ќе отпечати милион или милион и двесте илјади учебници затоа што имаме рамковна спогодба за печатење. Значи, тоа што е побарано е испорачано. Уште еднаш повторувам – до последен учебник кој е побаран од Министерството е обезбеден. Оттука, не прифаќам дека може да се рече дека учебници нема. Дали се во подобра или полоша состојба, тоа зависело од комисијата што ги примала, од директорите, и оттука натаму сметам дека ова прашање треба да биде затворено и во иднина да немаме никакви вакви проблеми, рече Јаневска денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училиштето „Св. Наум Охридски“.

Како што рече, поставени се јасни правила, има јасен и прецизен закон што функционира, упатства и правилник за работа кои „од следната година ќе мора да се почитуваат до последен детаљ“.

Диструбицијата на учебниците е завршена, остануваат, рече, два учебника за први клас гимназија – еден е спорен, а еден е во процедура.

-Тие ќе бидат дистрибуирани тогаш кога ќе се реши ова. Сите други учебници се дистрибуирани, додаде Јаневска.

Можете да прочитате

Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

„Повеќе од дијагноза, кога науката ги менува животите“, настан за подигнување на свеста за хематолошките малигнитети

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост