Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Директорот на просветниот инспекторат Ферати е противправно поставен, институциите да постапат

Јаневска: Директорот на просветниот инспекторат Ферати е противправно поставен, институциите да постапат

Претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска на прес-конференција истакна дека на местото директор на Државниот просветен инспекторат е поставена личност која по закон не ги исполнува условите, односно не ја исполнува законската обврска да има најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието.

dobivaj vesti na viber

„Директорот на Државниот просветен инспекторат дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема „Државниот инспекторат за администрација на Република Македонија“, вели Јаневска.

Таа рече дека во биографијата Директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство: Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор; Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата;
2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат.

Според членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција, за директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието.

„Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција. Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот“, додава таа.

Јаневска ги повика МВР и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада.

„Владата останува глува на примедбите и препораките на нашите стратешки пријатели, а состојбата се менува на полошо. Таа е глува и за коментарите и апелите на опозицијата, но и на народот. Уште еден доказ за партизација и нелегално работење е објавата на Комисијата за образование и наука на СДСМ во која се вели дека Комисијата во месец јули и август е во постојатна координација со МОН и БРО за подготовка на насоки и упатства за наставниците во основните училишта со фокус на многубројните прашања од кои се издвојува Концепцијата. Значи МОН и БРО секојдневно се координирани од Комисијата на СДСМ, класична политизација на интитуциите“, заклучи Јаневска.

„МОН и БРО не се способни да ја вршат работата, и затоа СДСМ мора да им помага или да им врши диктатура над двете институции со цел да се сокрие срамот за неуспешната Концепција која ја донесе нивната министерка, Мила Царовска“, додаде таа за работата на Министерството и Бриото за развој на образованието.

Можете да прочитате

Костадинов: Општина Струмица е подадена рака на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин

Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик не може да е ново лице во СДС