Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади е премногу радикален потег

Andonovski.jpg

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади. Според него, таков потег би бил премногу радикален и би можел да значи мешање во основните слободи.

„Премногу е радикално кога државата се одлучува на чекор да забрани некоја алатка, бидејќи доколку би тргнале да се движиме во таа насока, тогаш можеме да стигнеме и до нарушување на правото на слободен избор и на слободен говор“, изјави Андоновски одговарајќи на новинарско прашање, откако повеќе држави низ светот почнаа да ја воведуваат или разгледуваат оваа мерка.

Вели дека Владата и Министерството остануваат отворени за дискусија доколку се појави иницијатива за уредување на ова прашање.

Можете да прочитате

Енергетско партнерство што отвора врати: Македонија и Австрија ги поврзуваат студентите, науката и индустријата

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта