Утрински Весник
Македонија

Андоновска: Во Скопје никогаш не било полошо, Арсовска не дојде на советнички прашања, поважно и е да шета низ светот

Андоновска: Во Скопје никогаш не било полошо, Арсовска не дојде на советнички прашања, поважно и е да шета низ светот
Dik 300x250 mk

Досега за секое нивно прашање кое е поставено до градоначалничката од било кој советник одговор нема, рече советничката во Советот на Град Скопје, Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на денешната седница за советнички прашања на која не се појави градоначалничката Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

„Данела Арсовска не чувствува одговорност пред скопјани да одговори на она што тие ја прашуваат. На Данела Арсовска и е поважно да шета некаде низ светот за некои лични интереси, а за тоа ќе треба да даде одговор, ќе треба да даде одговор за секое патување што имаат скопјани од тоа за што се трошат парите за патувањата нејзини и екипата околу неа, што бенефит имаат скопјани од тие патувања. Зошто тие патувања и се многу поважни од одговорите на прашањата на скопјани и работата на градот“, рече Андоновска.

Во Скопје, додаде Андоновска, ништо не се случува се уште, полошо никогаш не било. Андоновска посочи „Арсовска мисли дека ќе успее до крајот на мандатот да не одговори на ниту едно прашање“.

“Ние како советничка група бараме одложување на седницата и обезбедување на присуство на градоначалникот и обезбедување на одговори на сите прашања кои ги засегаат граѓаните. Данела Арсовска скопјани те прашуваат каде си во моментов и што е поважно од градот Скопје“, праша Андоновска.

Можете да прочитате

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!

Тешка телесна повреда при семејно насилство во Петровец