Утрински Весник
Економија

Андонов: Работиме на забрзана енергетска транзиција на земјата

Андонов: Работиме на забрзана енергетска транзиција на земјата

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата, Виктор Андонов заедно со секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата, Васко Кичевски присуствуваа на работна средба со претставници од бизнис заедницата од Чешката Република во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија, во Прага, Чешката Република, Чешко – Македонската трговска асоцијација и Чешката агенција за промоција на трговијата.

dobivaj vesti na viber

Целта на оваа средба беше да се промовираат можностите за инвестирање во обновливи извори во нашата земја, како и поволностите што ги нуди Владата за инвестиции во нови производствени капацитети.

„Кризата не научи дека мора да постапуваме брзо и ефикасно во насока на забрзување на енергетската транзиција кон производство на чиста енергија. Нашата земја изобилува со огромен природен потенцијал, ние сме земја на сонцето со голем број сончеви денови, а дополнително Владата на Република Северна Македонија донесе сет на мерки со кои се олеснуваат процедурите за инвестициите во обновливи извори. Сето ова, треба да биде мотив да ги разгледате поволностите и можностите за инвестирање“, рече Андонов.

Секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата, Васко Кичевски пред присутните претставници од чешката бизнис заедница зборуваше за поволностите и можностите за инвестиции во нови производствени капацитети во технолошките развојни зони и надвор од зоните, и ги презентираше мерките што Владата ги донесе за привлекување на нови инвестиции.

Можете да прочитате

Трендафилов објави нови пресметки – кошничката зголемена за 969 денари

СДСМ: Парите планирани за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

Минималната кошница за февруари изнесува 67.382 денари